Информација за фотографирање за изработка на нова членска карта
Ве информираме дека Лекарската комора на Македонија започна со замена на членски карти на докторите на медицина со нови безконтактни картици. Покрај основната намена за потврда на членство во Лекарската комора докторите на медицина ќе ги користат картичките и во процесот на континуираната медицинска едукација за евиденција на посетата на организирани КМЕ настани, потребни за обезбедување на бодови за обнова на лиценците за работа.
Усвоениот формат на картицата налага печатење на фотографија на носителот на картицата. Поради потребата да се достават нови фотографии за печатење на новата бесконтактна картица, Комората организира фотографирање на докторите на медицина. Се молат докторите да издвојат време и заминат на фотографирање во ден утврден со распоредот. Трошокот за оваа услуга е на товар на Лекарската комора.
Известување,
Сакаме да ги известиме дека сите доктори по медицина кои НЕ СЕ ФОТОГРАФИРАНИ за новите членски карти, можат да отидат да се фотографираат во студиото Фото Тото (адреса и мапа во прилог) од 12:00-18:00 часот секој работен ден.