Информација за промена на износот на членарина
Почитувани членови на Лекарската комора на Македонија!
Ве информираме дека Собранието на Лекарската комора на Македонија на својата седница одржана на ден 05.07.2012 година усвои ОДЛУКА за измена и дополнување на Одлуката за висината на членарината за членување во Лекарската комора на Македонија, со која висината на членарината од 120 денари ја зголеми на 210 денари.
Оваа Одлука стапи на сила на ден 05.04.2019 година, со објавувањето на ПРАВИЛНИКОТ за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа (Службен весник на РМ, бр. 71 од 5.4.2019 година), со кој се регулира висината на износот за обновување на лиценците за работа. Со Правилникот обврската на докторите на медицина за обновување на лиценцата се корегира од 8.400 денари на 840 денари.
Раликата од 7.560 денари е пренесено во месечна обврска од 90 денари
(90 x 12 месеци x 7 години = 7.560 денари).
На висината на членарината од 120 денари се додава износ од 90 денари за релиценцирање и обврската за обнова се задава на месечно ниво за уплата.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
По последната измена на висината на членарината во октомври 2002 година се наметнува потреба да се корегира висината на членарината што ја плаќаат членовите на Комората.
После сумирањето на активностите од изминатот период за обнова на работните лиценци, од голем број на доктори е предложено износот за обнова на лиценца да се трансформира во месечен износ на членарина. Со покачувањето на месечниот износ на членарината докторите на медицина ќе се ослободат од уплата на годишен износ за проверка на сертификати за континуирана медицинска едукација, кој изнесува 1.200 денари на годишно ниво, односно од уплата на износ од 8.400 денари на крајот на релиценцниот период. Од друга страна Лекарската комора ќе обезбеди редовен прилив на средства, како би можела истите да ги користи за редовните активности на Комисиите за преглед на сертификати и утврдување на стекнат број на бодови од континуирано стручно усовршување поединечно за секој доктор, како и да превземе активности за осовременување на системот за следење на континуирана наобразба на докторите, што се наметнува како обврска од изминатиот релиценцен период.
Согледувајки го напред изнесеното, Извршниот одбор на седница одржана на 28.06.2012 година донесе предлог Одлука за зголемување на висината на членарината од денарска противвредност од 2 (два) евра односно 120 денари на 210 денари.
Цениме дека со ваквото зголемување на членарината и со рационално користење на средствата ќе се овозможи натамошно функционирање на Комората и подобрување на системот на континуирано следење на стручното усовршување на докторите како еден од условите за обнова на лиценца.