Барања за нови договори/анекс договори за 2019 година од 10 до 15 декември
Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека се финализирани подготовките на софтерското решение за склучување на новите договори/анекс со здравствените установи/ортопедски куќи, односно правни лица за 2019 година и дека тоа ќе се одвива по електронски пат преку користење на Веб порталот на Фондот, преку кој овластените лица ќе можат да го потпишат договорот/анекс на договорот со валиден квалификуван дигитален сертификат.
Со цел непречено функционирање на процесот на продолжување на договорите/анекс на договорите за 2019 година потребно е овластените лица да поднесат барање преку Веб порталот на Фондот почнувајќи од 10 декември заклучно со 15 декември 2018 година. Оние кои нема да го запазат рокот за поднесување на барање, Фондот нема да ги земе предвид при продолжување на договорот/анекс на договорот.
Преземете:
Електронско потпишување на договор