Понуди на “КИБС” и на “МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ”
Лекарската комора во име на своите членови-докторите на медицина, побара понуди од двата овластени издавачи на сертификати-токени потребни за користење на електронски услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со цел да обезбеди одредена поволност во набавката.
Токените се користат за лична идентификација-потпишување за комуникација со ФЗОМ, како и за поширока севкупна употреба во целиот дигитален систем во Р.Македонија (УЈП, банки, Централен регистер, е-плаќање и сл.).
Контактирани се компаниите:
* КИБС АД СКОПЈЕ, за моделот VERBA SIGN K2 со важност од 1-2-3 години и можност за обнова; добиена е следната понуда со пресметан попуст, цената е со вклучен ДДВ.
Период на валидност | 1 година | 2 години | 3 години |
---|---|---|---|
Одобрен попуст | 5% | 10% | 12% |
Цена за прво издавање на сертификат на PKI токен-договорена цена за членови на ЛКМ | 2.318,00 | 2.979,00 | 3.634,00 |
* МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ, за моделот ДОВЕРЛИВОСТ КС+ со важност од 1-2-3-4-5 години и можност за обнова; добиена е следната понуда со пресметан попуст, цената е со вклучен ДДВ.
Период на валидност | 1 година | 2 години | 3 години | 4 години | 5 години |
---|---|---|---|---|---|
Основна цена | 2.898,00 | 3.748,00 | 4.597,00 | 5.277,00 | 5.872,00 |
Одобрен попуст | 600,00 | 600,00 | 600,00 | 600,00 | 600,00 |
Цена за прво издавање на сертификат на PKI токен-дооговорена цена за членови на ЛКМ | 2.298,00 | 3.148,00 | 3.997,00 | 4.677,00 | 5.272,00 |
(за детали, види Понуда: Македoнски Телеком)
Контакт лице за набавка на токен од Македонски телеком АД Скопје:
Душан Јовановски
телефон: 070/300-514
емејл: Dusan.jovanovski@telekom.mk
(за детали, види Понуда: КИБС)