06.09.2018
06.09.2018
ЛКМ со синдикатите разговараше за зголемување на платите од 15 отсто
Реакцијата е резултат на висината на зголемувањето на бодот која е повеќе од скромна, особено што таквата корекција не е во согласност со висината на зголемување за кои разговараа синдикатите (Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на клинички центар и...) и Лекарската комора. Имајќи го предвид ваквото непочитување на договореното околу зголемувањето на платите во здравството кое во разговорите беше определено на околу 15 отсто за 2018 година, Извршниот одбор смета дека Самостојниот синдикат и неговите органи и тела во најкус можен рок треба да вложат напори и да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите, а во спротивно тие треба да поднесат морална одговорност.
Извршниот одбор смета и дека со корекцијата треба да бидат опфатени матичните лекари и цени дека покачувањата мора да бидат сеопфатни и да се однесуваат на здравствениот систем во целина, а направеното зголемување, како што беше оценето, е парцијално и предизвикува непотребни поделби и конфронтации кај колегите.