18.04.2018
18.04.2018
Европска недела на имунизација
По повод Европската недела на имунизација од 23 до 29 април, 2018 година Лекарската комора на Македонија се вклучува во обележувањето и ги повикува своите членови да бидат дел од планираните активности.
Придобивките од вакцинирањето на глобално ниво се огромни. Како резултат на оваа превентивна мерка се спасуваат повеќе од 2 до 3 милони животи годишно низ светот. Бројката би била уште поголема доколку повеќе болести би биле покриени и превенирани со вакцини. Благодарение на вакцинацијата, подобрен е и квалитетот на животот на населението а огромни се и финансиските заштеди во здравството.
Токму во таа насока се и заложбите на Лекарската комора на Македонија, докторите да се вклучат во промоцијата на имунизацијата и нејзините придобивки.
Централниот настан ќе се одржи на 21.04.2018 година во Градски парк - Бина Школка - со почеток во 12 часот, а ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а поддршка и присуство потврдија неколку амбасадори на земји од ЕУ и САД, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, Град Скопје, општините, министерствата и Владата на Република Македонија.