12.02.2018
12.02.2018
Повик за адвокатски услуги
Адвокатските услуги се состојат од правен консалтинг, застапување и правна помош по предмети пред надлежните судови и државни органи и институции, нотари и извршители.
Правната помош опфаќа:
- застапување пред сите надлежни судови, државни органи и институции во сите предмети и спорови кои се водат или во иднина ќе се водат, а кои ќе бидат доверени за работа на вршителот на услугите од страна на Комората ;
- давање на правна помош, консултации и правни совети;
- проучување на законски и подзаконски акти и прописи од здравството поврзани со дејноста на работењето на Комората, како и правна помош во изготвување на подзаконскте акти на Комората.
Начин на плаќање:
За превземените дејствија, на вршителот на услугата ќе му се наплаќа фиксен месечен паушал.
Понудите треба да се достават најдоцна до 20.02.2018 година во архивата на Лекарска комора на Македонија, на адреса:
Лекарска комора на Македонија, ул. "Булевар Партизански одреди" број 3, Скопје. Понудите што ќе се достават, односно пристигнат по истекот на рокот за доставување, ќе бидат прогласени за задоцнети и истите ќе се отфрлат.
Документацијата за адвокатските услуги по овој повик може да се подигне во Лекарската комора на Македонија, ул.Булевар Партизански одреди, бр.3 СкопјеТелефон за контакт: 02 3239-060 и 02 3124-066 Факс: 02 3239-060
Електронска адреса: lkm@lkm.org.mk;