Меѓународниот конкурс Medis Awards отворен до 15 септември
Меѓународниот конкурс Medis Awards за лекари и фармацевти кои своите научно истражувачки трудови ги претставиле на значаен европски или светски конгрес или ги објавиле во афирмирано научно списание е отворен до 15 септември 2017 година.
Истражувачкиот труд со кој се конкурира може да биде претставен како постер, усна презентација и статија, а треба да е прифатен, претставен или објавен во периодот меѓу 1 септември 2016 година и 31 август 2017 година. Меѓународниот конкурс Medis Awards е отворен за докторите од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија, Србија и Унгарија.
На овој единствен ваков конкурс за медицински достигнувања во Средна и Југоисточна Европа има 9 награди Medis Awards во 9 области: анестезиологија, гинекологија, педијатрија, фармација, неврологија, пулмологија (со алергологија), гастроентерохепатологија, офталмологија и ревматологија.
Наградите Medis Awards се бронзена скулптура “ Иднина ” на скулпторот Јаков Брдар и финансиски поттик во износ од 2.500 евра (бруто).
Пријавување на: www.medis-awards.com