Ризик и заштита од хепатитис во здравствените установи
Секоја година на 28-јули СЗО го одбележува Светскиот ден на хепатитис со цел да се зголеми свеста и разбирањето на вирусниот хепатитис и болестите што ги предизвикува. Се проценува дека само во Европскиот регион 13,3 милиони луѓе живеат со хроничен хепатитис Б и 15 милиони луѓе со хепатитис Ц. Повеќето од нив не се ни свесни дека се инфицирани.
Во 2016 год СЗО го изработи Акциониот план (како одговор за вирусниот хепатитис) за Европскиот регион на СЗО. Тој е усогласен со Агендата за одржлив развој и здравство 2020, согласно Европската политика за здравје и благосостојба. Планот има цел - елиминирање на вирусниот хепатитис, како закана за јавното здравје и истовремено промовирање на вакцинација, безбеден секс и безбеден начин на инјектирање, во Европскиот регион до 2030 година.
Колку сте Вие запознати со вашето право и обврска да се заштитите од ризикот при контакт со инфективниот материјал на Вашето работно место?
Членот 40 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденцијата и документите (Службен весник на Р.Македонија, бр. 177 од 14.10.2015 год) вели:
„ Активната имунизација против вирусен хепатитис Б се спроведува кај сите невакцинирани и непотполно вакцинирани лица вработени во здравствените установи, вклучувајќи ги и учениците и студентите во здравствено образовните струки (медицина, стоматологија, фармација) кои доаѓаат во непосреден контакт со инфективен материјал (крв или серум).
Во тој контекст, Лекарската Комора на Македонија ја спроведува анкетата – „Ризик и заштита од хепатитис во здравствените установи“ со цел да се сврти вниманието кон превземање на конкретни активности:
- Зајакнување на превентивата, скринингот и контролата на вирусниот хепатитис и со него поврзаните болести;
- Зголемување на покриеноста со вакцина против хепатитис Б и интеграција на вакцината во националните програми за имунизација.
Линк кон анкетата
(Откако ќе ја пополните анкетата притиснете SUBMIT )
Линк кон резултатите од анкетата