14.10.2016
14.10.2016
Известување за матични лекари од Скопје
Во координација со Министерството за здравство а во рамки на договорот помеѓу Здравствен дом - Скопје и Универзитетска клиника за Неврохирургија, се организираат едукативни работилници за матичните лекари, службите на Итна медицинска помош (ИМП) и невролозите од здравствените домови на тема „Патофизиологија на мозочен удар со третман механичка тробектомија“.
За матичните лекари од Скопје, едукативните работилници ќе бидат реализирани во сали со капацитет од 30 до 35 учесници, во следните поликлиники:
Поликлиника | Датум | Време |
„Ѓорче Петров“ | 26.10.2016 (среда) | 12.00 – 13.00 часот и 13.30 – 14.30 часот |
„Букурешт“ | 27.10.2016 (среда) | 12.00 – 13.00 часот и 13.30 – 14.30 часот |
„Јане Сандански“ | 2.11.2016 (среда) | 12.00 – 13.00 часот и 13.30 – 14.30 часот |
„Бит пазар“ | 9.11.2016 (среда) | 12.00 – 13.00 часот и 13.30 – 14.30 часот |
„Чаир“ | 16.11.2016 (среда) | 12.00 – 13.00 часот и 13.30 – 14.30 часот |
Присуството на едукативните работилници планирано е да биде во најблиските поликлиники до работните места.
* Едукативните работилници што беше предвидено да се одржат во Поликлиниката „Букурешт“ на 19.10.2016 година, дополнително се презакажани за 27.10.2016 година.