07.10.2016
07.10.2016
Конкурс
1. Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање на лиценца за работа. Согласно Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на лиценца за спроведување на стручниот испит се формираат комисии. За таа цел, Комората потребно е да оформи списоци за испитувачи од кои се формираат комисиите пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит. Списокот за акредитирани испитувачи потребно е да биде составен од следните области на медицината: примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија, интерна медицина, гинекологија и акушерство. Акредитацијата на испитувачите трае две години.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
2. Во составот на комисиите покрај докторите на медицина членови се и правници.
За таа цел Комората акредитира правници членови на испитните комисии и оформува список на правници - испитувачи.
Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов кој треба да го исполни правникот за член во испитната комисија за полагање на стручен испит за докторите на медицина.
Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организаци од областа на здравството (Министерство за здравство, Mедицински факултет, МАНУ и слично) е документ со кој се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.
3. За спроведување на стручниот испит за докторите на медицина за добивање на лиценца за работа, поточно за реализација на практичниот дел од испитот - проверка на практични вештини потребно е да се обезбедат здравствени установи од примарна здравствена заштита. За таа цел, Комората акредитира здравствени установи каде во испитните сесии за полагање на стручен испит на докторите на медицина ќе го полагаат практичниот дел од испитот.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
- Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Македонија;
- Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во:
- проекти;
- стручни/или научни колегиуми односно одбори во институции или
- здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување; и
- Доказ за искуство во настава и/или оценување.
2. Во составот на комисиите покрај докторите на медицина членови се и правници.
За таа цел Комората акредитира правници членови на испитните комисии и оформува список на правници - испитувачи.
Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов кој треба да го исполни правникот за член во испитната комисија за полагање на стручен испит за докторите на медицина.
Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организаци од областа на здравството (Министерство за здравство, Mедицински факултет, МАНУ и слично) е документ со кој се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.
3. За спроведување на стручниот испит за докторите на медицина за добивање на лиценца за работа, поточно за реализација на практичниот дел од испитот - проверка на практични вештини потребно е да се обезбедат здравствени установи од примарна здравствена заштита. За таа цел, Комората акредитира здравствени установи каде во испитните сесии за полагање на стручен испит на докторите на медицина ќе го полагаат практичниот дел од испитот.
Здравствените установи од примарна здравствена заштита треба да имаат просторни услови и медицинска опрема утврдени со Правилникот за потребен простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи.
Дозволата за работа издадена од Министерството за здравство е документ со кој се утврдува дека здравствената установа ги исполнила просторните услови и медицинската опрема за вршење на примарна здравствена заштита.
Со оглед на тоа што спроведувањето на стручниот испит на докторите на медицина е во Лекарската комора на Македонија во Скопје, право да конкурираат имаат здравствените установи од примарна здарвствена заштита на територија на град Скопје.
Наведените документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Македонија до 7.11.2016 година на адреса ул. Партизански одреди бр.3 Скопје.
Напомена: Кандидатите кои навремено ќе поднесат барање за испитувачи и ќе ги исполнат условите ќе бидат избрани како акредитирани испитувачи за период од 2016 – 2018 година.
Барање за испитувач на стручен испит