26.09.2016
26.09.2016
Измени во упатување на пациенти со дијагноза - Хиперплазија на простата
Лекарската комора на Македонија, претставувана од работна група предводена од Потпретседателката д-р Ленче Нелоска, оствари неколку работни средби со Министерството за здравство и Мој термин поради надминување на проблемот со упатување на пациентите со дијагноза N40 кон уролог.
На наше големо задоволство, предлозите на ЛКМ во целост се прифатени и инкорпорирани во Правилниците, а согласно Законот за здравствено осигурување на Република Македонија.
Во месец септември 2016 година, Министерството за здравство врз основа на нашето барање ги воведe следниве мерки:
1. Упатувањето на пациент од страна на матичен лекар кон уролог треба да биде со претходно завршен преглед на ултразвук и тест за PSA и
2. Закажување на контролен преглед и издавањето на соодветен упат да биде од страна на самиот уролог после првиот преглед кај него.
Исто така, направени се измени и дополнувања на Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, при што, во случај на потреба од утврдување на вредности на маркер за простата ПСА, осигуреното лице биохемиските лабараториски испитувања ги користи врз основа на однапред закажано испитување од страна на избран лекар од дејноста општа медицина.
Измените започнуваат да се применуваат од 5.10.2016 година.
За подетални информации, можете да ги погледнете наведените документи:
- Известување за упатување на пациенти со дијагноза N40;
- Укажување од Министерот за здравство;
- Правилник за изменување на Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување;
- Листа на Установи каде се врши преглед на Ултразвук на урогенитален систем и простата;
- Листа на установи каде се врши испитување на БА 16/11 - PSA;