11.08.2016
11.08.2016
И жените ќе можат да работат до 67 години возраст
Согласно Одлуката на Уставниот суд од 29 јуни годинава, до 67 години ќе можат да работат и жените кои ќе го побараат тоа. Одлуката на Уставниот суд број 114/2014 е со правно дејство од 21.7.2016 година како ден на објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 134/16.
Врз основа на Одлуката, се подразбира дека и мажот и жената од работодавачот може да побараат продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст и дека работодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст, при што се овозможува рамноправно остварување на правото на работа, како за мажите така и за жените.
Лекарската комора на Македонија во последните измени и дополнувања во Законот за здравствена заштита, поточно во членот 318, став (3), предложи и беше прифатено да се избришат зборовите „ до денот на навршување 65 години возраст,“ со што им се овозможи на приватни здравствени установи, основани врз основа на закуп на простор и опрема на делови од јавните здравствени установи, согласно со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија" број 38/91, 46/93, 55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007, 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11), да продолжат со работа се до исполнувањето на услови за остварување на старосна пензија на здравствениот работник на кого му се издадени под закуп просторот и опремата.
Одлуката од Уставен суд на РМ, У. бр. 114/2014 од 29.6.2016 година, достапна е на веб – страницата на Комората, во делот за Легислатива.