10.06.2016
10.06.2016
Образецот ГЛБД со ажурирана содржина
Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека во врска со членот 8 став 2 од Договорот склучен помеѓу аптеките и Фондот за здравствено осигурување на Македонија за регулирање на односите и начинот на плаќање на здравствените услуги со кои се врши снабдување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, ажурирана e содржината на Образецот ГЛБД со важност од 01.06.2016 година.
Според соопштението од Фондот, од лековите кои се опфатени со овој Образец, аптеките се должни во секое време да имаат најмалку по еден лек без доплата од секоја наведена генерика.