18.05.2016
18.05.2016
Јавен повик за испитувачи за стручен испит на студентите на медицина и докторите на медицина
Согласно член 121 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14,10/15), Лекарската комора на Македонија формира испитна комисија составена од пет членови кои се доктори на науки од областа на медицината за спроведување на стручниот испит (прв и втор дел) на студентите на медицина за продолжување на студиите и запишување на трета година на студиската програма и на здравствени работници со високо образование (доктори на медицина) за стекнување на лиценца за работа.
За таа цел, Комората потребно е да состави список за испитувачи од кој се формираат комисии пред кои студентите на медицина и докторите на медицина го полагаат стручниот испит.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит (прв и втор дел) се:
- Доказ дека се доктори на науки од областа на медицината.
- Доказ за издаден научен труд со импакт фактор.
- Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Македонија.
Согласно Законот за здравствена заштита до започнувањето на примената на одредбите од членовите 121 став (5) со кој се регулирани условите кои треба да ги исполнуваат членовите на испитните комисии за спроведување на стручниот испит на студените на медицина и докторите на медицина, стручниот испит се полагаат пред комисија составена од пет членови кои се доктори на наука од областа на медицината, односно фармацијата, односно од областа на стоматологијата, избрани во наставно - научно или научно звање, со издадени најмалку:
- еден научен труд со импакт фактор до 1 јануари 2016 година,
- два научни труда со импакт фактор до 1 јануари 2017 година,
- три научни труда со импакт фактор до 1 јануари 2018 година,
- четири научни труда со импакт фактор до 1 јануари 2019 година и
- пет научни труда со импакт фактор до 1 јануари 2020 година.
Документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Македонија до 31.05.2016 година на адреса ул. Партизански одреди бр.3 Скопје.
Лекарска комора на Македонија