Претседателот Чакалароски оствари прва средба со групата специјализанти и идни специјализанти
Претседателот на ЛКМ, проф.д-р Кочо Чакалароски, на 8 март 2016 година во просториите на Комората на нивно барање прими делегација на групата специјализанти и идни специјализанти кои имаат забелешки и бараат измени на законските одредби кои се однесуваат на специјализациите од последните измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, донесени во февруари 2016 година.
Групата специјализанти барањето за оваа средба го поднесе минатата недела, а на претседателот на Комората тие за прв пат му ги презентираа проблемите со кои се соочуваат и ќе се соочуваат во текот на специјализацијата, како и барањата за промени во законот.
Претседателот Чакалароски побара од претставниците на специјализантите да ги конкретизираат нивните предлози, мислења, забелешки и барања и во писмена форма да ги достават до Лекарската комора на Македонија.