Акредитираните стручни активности редовно се објавуваат на Веб страницата на ЛКМ
„Специфичната медицинска едукација за рано дијагностицирање може да ја организира Министерство за здравство, Македонско лекарско друштво, Здружението на приватни лекари на Р.М или други стручни професионални здруженија, кои се акредитирани од Лекарска комора на Македонија“.
Со оваа одреба од член 17 од Договорот за извршување и плаќање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита – општа медицина, дефинирано е кој ја организира специфичната медицинска едукација пропишана во договорите кои избраните лекари ги потпишуваат со ФЗОМ. Темите за специфичната медицинска едукација за рано дијагностицирање (превентивни цели) Фондот ги усогласува секоја година за време на важењето на договорот, а во текот на 2016 година, избраниот лекар е должен да посетува четири работилници во рамките на континуирана специфична медицинска едукација на тема:
- Превенција, рано откривање и лекување на колоректален карцином;
- Превенција, рано откривање и лекување на карцином на дојка;
- Mетаболен синдром, oбезитас и деформитети на ’рбет кај детска популација;
- Зависност од лекови и рационална употреба на антибиотици во ПЗЗ.
Акредитацијата и на специфичната медицинска едукација ја врши Лекарската комора на Македонија. Организаторот поднесува барање комплетирано со соодветна документација. Комората по разгледување на барањето за одобрување и катeгоризирање на стручна активност донесува одлука за признавање и категоризација на стручната активност и ги определува бодовите утврдени со Правилникот за континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите за обновување на лиценцата за работа на здравствените работници со високо образование од областа на медицината.
Акредитираните стручни активности Комората редовно ги објавува на својата веб страница www.lkm.org.mk (во календарот на акредитирани стручни активности).