Боците со медицински кислород подлежат на периодична контрола и испитувања
Приватните и јавните здравствени установи (примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита), потребно е да се придржуваат кон упатствата согласно Правилникот за пренослива опрема под притисок, односно боци со кислород и периодично да ги контролираат и обновуваат.
Согласно Европските хармонизирани стандарди:
- Контрола и периодични испитувања на боците со медицински кислород се врши на 10 години,
- Медицинскиот кислород се обновува на секои 5 години и
- За боците кои се испитани пред 2011 година, на секои 5 години се прави контрола на вентил.
Актуелен Европски стандард за кодовите на бои е EH 1089 - 3. Боците за медицинскиот кислород се бело обоени со бели вентили.
За боците кои се со еднократна употреба, не важат наведените прописи.
Прописи за користење на пренослива медицинска опрема под притисок