Конкурс за наградата „Св. Наум Охридски“
Лекарската комора на Македонија, односно Комисија за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“ распишува Конкурс за доделување на наградата „Св. Наум Охридски“ за особени постигнувања во областа на здравството во 2015 година.
Наградата „Св. Наум Охридски“ се доделува во знак на признание за особени остварувања во областа на здравството, на поединец доктор на медицина. Наградата е парична и се доделува еднаш годишно на доктор кој во претходната година особено се истакнал со совесно и одговорно извршување на докторската професија, кој остварил особено добри резултати во лекувањето на пациентите и се стекнал со доверба и популарност кај нив, кој остварил добра соработка и однос со своите колеги, не истакнувајќи ги притоа своите амбиции и квалитети и не злоупотребувајќи го своето влијание кон пациентите за да се здобие со материјална корист, односно доследно се придржувал кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија. Иницијативата за доделување на наградата можат да поднесат општинските одбори на Комората.
Иницијатива за наградата треба да биде поднесена писмено, да биде образложена и да содржи лични податоци и адреса на живеење на предложениот кандидат, податоци за остварените резултати во смисла на критериумите за доделување на наградата и потребна документација. Образложената иницијатива за доделување на наградата треба да биде поднесена најдоцна до 31.01.2016 година на адреса:
Лекарска комора на Македонија,
Булевар „Партизански одреди“ број 3,