Прирачник за здравствени работници од областа на здравствената проценка за мигранти и бегалци
Почитувани,
Лекарската комора на Македонија Ви овозможува достапност на Прирачникот за здравствените работници од областa на здравствената проценка за мигрантите и бегалците.
Здравствениот протокол се повикува на обемното искуство на Меѓународната организација за миграција (International Organization for Migration – IOM), во областа на обезбедување здравственa проценка на мигрантите и бегалците.
Во протоколот се дадени насоките на лекарите за локации каде нема можности за дијагностичка поддршка, освен комплетите за брзи тестови со цел да се утврди некоја состојба која е од витален интерес или опфаќа потреба од следење.
Прирачникoт за здравствени работници овозможува:
Да им обезбеди на медицинските испитувачи:
· Краток преглед кон процесот на здравствената проценка на мигрантите и бегалците;
· Насоки за тоа кои услови се значајни за здравствената проценка (листа на критериуми);
· Стандардизиран процес при обезбедување на соодветни, веродостојни и разбирливи информации.
Суштински протокол за здравствена проценка:
· Прибирање податоци за историја на болеста, вклучувајќи и податоци за вакцинација;
· Наоди од лекарски преглед, вклучувајќи знаци на виталност;
· Проценка за основниот психички развој/состојба;
· Индикации за следење или потреба од лекување.