Времено одземени лиценците на двајца анестезиолози од ЈЗУ Општа болница – Гевгелија
На денешната седница Комисија за етички и правни прашања при Лекарската комора на Македонија донесе одлука за времено одземање на лиценцата за работа на д-р Томчо Ванчев, специјалист анестезиолог и д-р Зоран Јовановски, специјалист анестезиолог, вработени во ЈЗУ Општа болница - Гевгелија. Лиценците за работа на докторите времено им се одземаат до донесување на правосилна судска одлука.
Одлуката е донесена врз основа на дополнително доставената документација: Извештајот од извршениот стручен надзор од страна на комисијата формирана од Министерството за здравство, како и Известувањето за резултатите од анализата на алкохол во примероци крв од Министерството за внатрешни работи.
Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија.