Конкурс MEDIS AWARDS - Меѓународни награди за медицински достигнувања 2015
Меѓународни Медис - ови награди за медицински достигнувања 2015
Дали сте стручно лице од полето на анестезиологија, фармација, кардиологија, неврологија, офталмологија, педијатрија, ревматологија или урологија?
Дали во периодот од 01.09.2014 до 31.08.2015 година, Вашиот постер или Вашата презентација биле прифатени на некој од европските, односно светските стручни или научни собири?
Доколку се пронајдовте во горенаведеното, Ве повикуваме да се пријавите на меѓународните Медис - ови награди за медицински достигнувања 2015.
Предмет на конкурсот се веќе прифатени и претставени постери и усмени презентации дополнети со соодветни докази дефинирани во конкурсната документација. Конкурсот е веќе отворен, пријавите ги примаме до 07.10.2015.
Конкурсот важи за претставници од осум држави во кои работи Медис (Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Словенија, Србија) и за избраните специјалности кои подетално се наведени во конкурсната документација.
Стручното жири е составено од меѓународно признати лекари од различни специјалности. Од секоја специјалност ќе се избере по еден добитник на награда.
На добитниците ќе им припадне награда која се состои од два дела:
- Бронзена скулптура која е изработена од познатиот словенечко – хрватски вајар Јаков Брдар, специјално за Медисовите награди и
- Паричен износ од бруто 2500 евра, како поттик за понатамошна истражувачка работа.
Наградите ќе бидат врачени на свеченото доделување кон крајот на ноември.
Меѓународната фармацевтска компанија Медис, д.о.о., која се занимава со медицински маркетинг, минатата година, по повод јубилејот за 25 години успешно работење, за прв пат награди стручни лица од 7 држави во кои работи.
Со оглед на бројот на пријавените трудови, наградите предизвикаа голем интерес помеѓу лекарите.
Поради тоа, меѓународните Медисови награди за медицински достигнувања кои имаат за цел поголема препознатливост и меѓусебно запознавање на стручните лица од овој дел на Европа, Медис одлучи да ги позиционира така за да прераснат во традиционални, годишни.
Повеќе информации на http://awards.medis.si или на e-mail awards@medis.si.