21.07.2015
21.07.2015
Соопштение за воведување на вонредно работно време на Стручната служба на ЛКМ
Лекарската комора на Македонија информира дека поради вонредно високите температури а со цел да им овозможи на лекарите непречено да ги користат услугите на Стручната служба, одлучи да го прилагоди работното време во склад со потребите и барањата на лекарите.
Новото работно време на Лекарската комора на Македонија, ќе биде од 07 до 14 часот, наместо од 8 до 16 часот и вонредно ќе биде во примена од среда 22.07.2015, при што ќе продолжи во тековниот период додека траат исклучително високите температури.