Конкурс за формирање комисии за спроведување на стручен испит
Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование (доктори на медицина) за стекнување на лиценца за работа. Согласно член 121 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија“ бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14 и 10/15) Комората формира комисии за спроведување на стручниот испит. За таа цел, Комората потребно е да состави список за испитувачи од кој се формираат комисии пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
- Доказ дека се доктори на наука од областа на медицината
- Доказ за издадени најмалку пет научни труда во научни списанија со импакт фактор
- Доказ за помината обука од најмалку три месеци во последните пет години во земјите членки на ОЕЦД
- Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Македонија
Наведените документи треба да се достават до Лекарска комора на Република Македонија до 20.08.2015 година на адреса ул. Партизански одреди бр.3 Скопје.