05.05.2015
05.05.2015
Обуки за заверка на пелени и пополнување на ИСР и ПСР обрасци за скопските матични лекари
Во просториите на Лекарската комора на Македонија од 7 мај , 2015 година започнуваат обуки за заверка на пелени и пополнување на ИСР и ПСР обрасци за матичните лекари од Скопје. Обуките ќе ги врши информатичката служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Во распоредот како 8-ма група се додадени 38 лекари специјалисти од ПЗУ на територија на Скопје.