Спортски клуб при ЛКМ
СТРЕЛАШТВО
На 4 април, по повод 7 април Светскиот ден на здравјето, во спортскиот клуб “Стрелец ” во Гимназијата “Р.Ј. Корчагин ” во Скопје ќе се одржи натпреварот во стрелаштво. Прецизноста и стрелачките вештини ќе се одмеруваат во машка и во женска конкуренција. Повеќе информации за заинтересираните за оваа спортска дисциплина на е-маил : dr_tole_bitovski@live.com
ФУДБАЛ
Фудбалскиот турнир по повод 7 април Светскиот ден на здравјето годинава ќе се одржи во првата половина на април во спортскиот центар “Никола Карев ”, Карпош 3, во Скопј e. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на овој традиционален докт oрски турнир во фудбал можат да побараат дополнителни информации и да контактираат на е-маил : spasovski_miroslav@yahoo. com
ПИНГ –ПОНГ
На 18 април 2015 година во Крива Паланка е планирано да се одржи 10 јубилеен докторски турнир во пинг понг. Покрај докторите пинг-понгари од Македонија, на овој турнир ќе учествуваат и доктори вљубеници во овој спорт од Косово и од Србија. До почетокот на турнирот е обезбедена можност за тренинг и подготовка на учесниците на турнирот во спортската сала “Форца ” во Скопје. Досега се пријавени 14 доктори од Македонија, петмина од Косово и тројца од Србија. Листата на учесници не е затворена. Контакт : duskodomazetoski@gmail.com
ТЕНИС
Во организација на Медицинската тениска асоцијација на Македонија, спортски клуб при ЛКМ, во втората половина на мај, 2015 година, во Кочани ќе се одржи 21-то Првенство на доктори во тенис на Македонија . Оваа традиционална спортска манифестација се организира под покровителство на Лекарската Комора на Македонија и има најдолг стаж во активностите на Спортскиот клуб на Комората . Заинтересираните можат да се пријават и да добијат дополнителни информации на е-маил : panovskin@yahoo.com