26.11.2014
26.11.2014
Соопштение за откажани поволности
Лекарската комора на Македонија ги известува своите членови дека се откажани сите набавки на стоки кои се повикуваат на договорите склучени со:
- ФЕШН ГРУП АДРИАТИК ДОО Скопје
- М.Г. ФЕШН ДОО Скопје
- АДРИАТИК ГРУП ДОО Скопје
- ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО Скопје
- БИТСИАНИ ФЕШН ДОО Скопје
бидејки се во тек дополнителни усогласувања на претходно потпишаниот договор.
Со дополнителна информација ќе бидат известени членовите за постигнатите услови во иднина.
Во меѓувреме, секоја набавка на производи од страна на член на Лекарската комора кај продавачот наведен погоре, склучена спротивно на ова известување, Комората нема да ја признае како своја обврска, а продавачот и купувачот се во облигациони односи како самостојни договорни страни.