28.10.2014
28.10.2014
MEDIS CHALLENGE – меѓународен конкурс
Меѓународната фармацевтска компанија Медис ДОО, која се занимава со медицински маркетинг, а која оваа година прославува 25 години успешно работење, објавува конкурс “MEDIS CHALLENGE” со кој ги повикува лекарите и фармацевтите да конкурираат со постер или усна презентација кои биле прифатени на еден од европските, односно светските стручни или научни собири во периодот од 1 септември 2013 г. до 31 август 2014 г. Конкурсот е отворен до 10 ноември 2014 година.