Потпишана спогодба за соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа –Институт за животна средина и здравје
Лекарската комора на Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово – Институт за животна средина и здравје (УЈИЕ-ИЖЗС) потпишаа спогодба за соработка со која ги уредуваат меѓусебните односи, условите и начинот на вршење на образовната, научноистражувачката и здравствената дејност како функционална целина, согласно со потребите на студентските програми за здравствен менаџмент и јавно здравје – втор циклус, како и нивно промовирање преку веб - сајтови и други пропагандни материјали.
Со оваа спогодба, Лекарската комора на Македонија преку редовните активности ги информира своите членови за постоењето на овие студиски програми како и за придобивките по завршувањето на овие студии во насока на градење на понатамошната кариера. Исто така, се промовира и новиот пристап кон градење на современ начин на менаџирање на јавното здравје. Високообразовната дејност согласно студиските програми и планови, како и научно –истражувачката дејност, како што е прецизирано во спогодбата, се изведуваат на ИЖСЗ со кадровска помош од страна на Лекарската комора во делот на клиничката настава.
Повеќе информации на тел: 044 356 114 и 044 356 034