Оглас за набавка на софтверска апликација за коморско работење
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, има потреба за софтверска апликација за коморско работење, детално опишана во документацијата за набавка.
За учество во постапката за склучување на договор за купопродажба, продавачите -понудувачите мора да исполнат критериуми за утврдување на нивната способност
(прилог на документација)
Рок на важење на понудата изнесува 90 дена.
Критериум за избор на купувач е најниска понудена цена.
Предметот на договорот за купопродажба е неделив.
Понудите треба да се достават најдоцна до 12.06.2014 година до 12.00 часот во архивата на Лекарска комора на Македонија, на адреса:
Лекарска комора на Македонија,
ул. "Булевар Партизански одреди" број 3, Скопје.
Понудите што ќе се достават, односно пристигнат по истекот на крајниот рок за доставување, ќе бидат прогласени за задоцнети и истите ќе се отфрлат.
Документацијата со техничката спецификација по овој Оглас може да се подигне во Лекарската комора на Македонија, ул. Булевар Партизански одреди, бр.3 Скопје
Телефон за контакт: 02 3239-060 и 02 3124-066 Факс: 02 3239-060/лок.102
Електронски адреси: lkm@lkm.org.mk