Јавен повик за избор на стручни лица
Врз основа на член 14 став (29) од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14 и 43/14), Советот за јавни набавки објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за избор на стручни лица
1. Советот врши запишување на стручни лица во Регистарот на стручни лица по области на специјализација, кои ќе му помагаат при одлучување за давање согласност, во случаите предвидени со Законот за јавни набавки, започнувајќи од 01.05.2014 година.
2. Стручните лице може да аплицираат за следните области на специјализација:
- автомобилска индустрија,
- археологија,
- архитектура,
- безбедност и заштита при работа,
- биохемија,
- ветерина,
- геодезија,
- градежништво,
- графика, издаваштво и печатење,
- дрвна индустрија,
- економија,
- електроника и електротехника,
- енергетика и енергенси,
- животна средина и екологија,
- забава, спорт и рекреација,
- здравство (лекови, медицински помагала и медицински потрошен материјал),
- земјоделство,
- информатичка технологија,
- маркетинг и истражување на пазарот,
- машинство,
- металургија,
- образование и наука,
- осигурување,
- право,
- прехранбени производи и пијалоци,
- ревизија,
- рударство,
- сметководство,
- сообраќај,
- текстилна и кожна индустрија,
- телекомуникации,
- технолошка индустрија,
- транспорт, шпедиција и складирање,
- трговија, продажба и дистрибуција,
- туризам,
- угостителство,
- уметност и култура,
- финансии и банкарство,
- човечки ресурси,
- друга област на специјализација.
Стручното лице има право да се определи за повеќе области на специјализација.
Во барањето за запишување во Регистарот, стручното лице може да се определи за потесна специјалност поврзана со областа на специјализација.
3. Запишување во Регистарот на стручни лица се врши врз основа на поднесено барање до Советот кон кое се приложуваат и докази за исполнување на општите и посебните услови утврдени во оваа точка.
За запишување во Регистарот на стручни лица, кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
- да има најмалку високо образование од соодветната област (диплома/уверение со завршено четиригодишно високо образование или диплома/уверение со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем),
- со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (потврда издадена од Централниот регистар на Република Македонија, односно потврда од надлежна институција за странско физичко лице. Доколку земјата чиј државјанин е странското лице не издава потврда, се доставува изјава заверена од надлежен орган) и
- да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област за која е поднесено барањето (потврда за работно искуство, М1/М2 или компјутерска листа за стаж издадена од надлежна институција).
За запишување во Регистарот на стручни лица, кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:
- учество во конкретен проект, експертиза, производство, одржување, изведување работи, извршување услуги или сл. во областа на специјализација (лиценци, препораки, овластувања, членство во одредени организации, сертификати или друг соодветен доказ за докажување на неговата стручност во областа).
4. Документите наведени во точка 3 се доставуваат во оригинал или копија.
5. Стручните лица имаат право на надоместок за стручното мислење. Висината на надоместокот ќе биде утврдена со тарифник.
6. Пријавувањето на заинтересираните кандидати ќе се врши континуирано од денот на објавување на јавниот повик.
Барањето за запишување во Регистарот на стручни лица може да се преземе од веб страната на Бирото за јавни набавки: http://www.bjn.gov.mk.
Документите се доставуваат преку електронска пошта на следната адреса sovet@bjn.gov.mk, по брза или препорачана пошта или директно до архивата на Советот за јавни набавки со назнака „Јавен повик за избор на стручни лица” на адреса:
Совет за јавни набавки
ул. Ѓуро Стругар, бр. 5 кат 1
1000 Скопје
Република Македонија
НАПОМЕНА: Запишаното стручно лице во најкус можен рок задолжително обезбедува дигитален сертификат за понатамошно потпишување на документацијата.