Конкурс за здравствени установи од примарна здравствена заштита за полагање на практичен дел од стручниот испит
За спроведување на стручниот испит за докторите на медицина за добивање на лиценца за работа, поточно за реализација на практичниот дел од испитот - проверка на практични вештини потребно е да се обезбедат здравствени установи од примарна здравствена заштита. За таа цел, Комората акредитира здравствени установи каде во испитните сесии за полагање на стручен испит на докторите на медицина ќе го полагаат практичниот дел од испитот.
Здравствените установи од примарна здравствена заштита треба да имаат просторни услови и медицинска опрема утврдени со Правилникот за потребен простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи.
Дозволата за работа издадена од Министерството за здравство е документ со кој се утврдува дека здравствената установа ги исполнила просторните услови и медицинската опрема за вршење на примарна здравствена заштита.
Со оглед на тоа што спроведувањето на стручниот испит на докторите на медицина е во Лекарската комора на Македонија во Скопје, право да конкурираат имаат здравствените установи од примарна здравствена заштита на територија на град Скопје.
Фотокопијата од документот треба да се достави до Лекарска комора на Македонија до 10.4. 2014 година на адреса: Бул. Партизански одреди број 3, 1000 Скопје.