Конкурс за акредитирање на правници-членови на комисии за стручен испит
Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање на лиценца за работа. Согласно Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на лиценца за работа за спроведување на стручниот испит се формираат Комисии. Во составот на комисиите покрај докторите на медицина членови се и правници.
За таа цел Комората акредитира правници членови на испитните комисии и оформува список на правници испитувачи.
Најмалку пет години работно искуство во областа на здравството е услов кој треба да го исполни правникот за член во испитната комисија за полагање на стручен испит за докторите на медицина.
Потврда за работа во здравството издадена од здравствена установа или организации од областа на здравството (Министерство за здравство, медицински факултет, МАНУ и слично) е документ со кој се потврдува дека правникот има работно искуство во областа на здравството.
Фотокопијата од документот треба да се достави до Лекарска комора на Македонија до 10. 4. 2014 година на адреса: Бул.Партизански одреди број 3, 1000 Скопје.
Напомена: Кандидатите кои навремено ќе поднесат барање за испитувачи и ќе ги исполнат условите ќе бидат избрани како акредитирани испитувачи за период од 2014-2016 година.