Конкурс за испитувачи за стручен испит
Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање лиценца за работа. Согласно со Правилникот за стручниот испит на докторите на медицина и за издавање на основна лиценца за спроведување на стручниот испит се формираат комисии. За таа цел, Комората потребно е да оформи список за испитувачи од кој се формираат комисиите пред кои докторите на медицина го полагаат стручниот испит. Списокот за акредитирани испитувачи потребно е да биде составен од следните области на медицината: примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија, интерна и гинекологија и акушерство. Акредитацијата на испитувачите трае две години.
Критериуми што треба да ги исполнат докторите – испитувачи за полагање на стручниот испит се:
1. Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Македонија;
2. Доказ за тимска работа - приложена потврда за учество во :
- проекти
- стручни /или научни колегиуми односно одбори во институции или
- здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување; и
3. Доказ за искуство во настава и/ или оценување.
Наведените документи треба да се достават до Лекарската комора на Република Македонија до 31.01.2014 година на адреса: бул. Партизански одреди бр.3 Скопје.
Напомена: Кандидатите кои навремено ќе поднесат барање за испитувачи и ќе ги исполнат условите ќе бидат избрани како акредитирани испитувачи за период од 2014 до 2016 година.