Корекции на висината на трошоците за акредитација на стручни активности
Врз основа на Статутот на Лекарската комора на Македонија, Извршниот одбор на Комората на седницата одржана на 10.12.2013 година донесе Одлука за измена и дополнување на одлуката за висината на трошоците за одобрување и категоризација на стручните активности. Со оваа измена се коригира висината на трошоците што организаторот на стручната активност треба да ги намири за одобрување и акредитација на стручната активност:
- Курс/ симпозиум/работилница/школа:
Прва категорија: денарска противвредност од 400 евра
Втора категорија: денарска противвредност од 250 евра
- Конгрес : 500 евра
- Предавања (повеќе од еден академски час): денарска противвредност од 200 евра
- Стручен состанок, предавање (еден академски час): денарска противвредност од 150 евра
Со новата одлука се брише и член 2 од претходната одлука, односно во иднина организаторот ќе биде должен трошоците за одобрување и категоризација на стручните активности да ги намирува за секоја активност одделно (поединечно).
ОвааОдлука стапува во сила од 1 јануари 2014 година.