26.02.2013
26.02.2013
Одговор на Министерот за здравство на реакцијата на ЛКМ
Министерството посебно ја цени улогата на матичните лекари
„Согласно Вашата реакција упатена до Министерот за здравство, г-дин Никола Тодоров, сакаме да Ви укажеме дека Министерството за здравство се оградува од коментарите на д-р Методија Трајановски вработен во Министерството за здравство и смета дека тоа се негови лични мислења и ставови. Токму поради значењето на примарната здравствена заштита, како столб на здравствениот систем, Министерството за здравство во континуитет презема бројни активности за унапредување на овој значаен сегмент во здравствениот систем“, се вели во одговорот на министерот Никола Тодоров на реакцијата на ЛКМ.
Во него е потенцирано дека Министерството за здравство „посебно ја цени улогата на матичните лекари како носечки столб во здравствениот систем на Република Македонија, особено истакнувајќи ја професионалноста и посветеното работење на сите матични лекари во државата, чиј придонес е посебно значаен во реализацијата на реформите на здравствениот систем, а сé со единствена цел задоволување на потребите на пациентите во Република Македонија“.