За надминување на состојбите во здравството
ЛКМ апелира на дијалог
* Лекарската комора на Македонија како професионална асоцијација на докторите апелира и укажува дека институционалниот пат и преговорите се единствен и вистински модел за решавањето на проблемите во здравството, за подобрување на состојбите во оваа исклучително значајна сфера за секое општество, за актуелните состојбите да не прогресираат и да добијат вистинскиот тек за нивно надминување низ дијалогот.
* Лекарската комора укажува дека во никој случај и со ништо не смее да се загрози и да се доведе во прашање здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија. Во исто време Комората укажува дека евентуалните санкции не се вистинскиот метод за решавање на актуелните состојби и надминување на проблемите во системот.
* Лекарската комора на Македонија како професионална асоцијација на сите доктори е подготвена со целиот свој кадровски и стручен потенцијал, доколку има интерес, да помогне за воспоставување на дијалог и за изнаоѓање на насоки и предлози за надминување на состојбите.
* Состојбите дополнително ја актуелизираат потребата од активирање на трилатералното координативно тело предвидено со Законот кое треба да да ги разгледува, дава мислења и сугестии за сите прашања поврзани со политиките и приоритетите во здравствениот систем