Новини во анекс Договорите за извршување и плаќање на здравствени услуги за 2013 година
Лекарската комора на Македонија во изминатите месеци интензивно работеше на усогласување на одредбите од анекс на Договорите за извршување и плаќање на здравствени услуги за 2013 година. Целта на преговорите беше анекс на Договорите да бидат прифатливи за двете страни, за Фондот како плаќачи на услугите и приватните здравствени установи како даватели на услуги, како и унапредување на примарната здравствена заштита за осигурениците.
Преговорите се одвиваа со формирање на преговарачки тимови кои поединечно ги разгледаа предлозите на Комората за примарно, секундарно ниво на здравствена заштита и за лабараториски услуги. Двете страни ги усогласија своите ставови за поставените предлози и прашања и ги завршија преговорите за примарна и секундарна здравствена заштита како и лабораториски услуги.
Во новите Договори за 2013 година се воведуваат и следните новини:
1. ОПШТА МЕДИЦИНА
- изз емени се превентивните прегледи кои се повторуваа и при систематски прегледи од програмските обврски на матичните доктори ( рамно стапало, деформитет на р'бет и ситематски прегледи на бебиња до 30 дена).
- воведена е нова цел - Превентивни активности за рано откривање на малигни болести на дебелото црево (КРК - Колоректален карцином) на популација од 50 до 74 годишна возраст. Овие заболувања се многу значајни, бидејќи се со висок морбидитет (честота на јавувања) и висок процент на смртност. Осигуреникот кај својот матичен лекар пополнува анкетен прашалник, а врз основа на одговорите за одредени симптоми и знаци матичниот лекар го упатува на понатамошно испитување кај лекар специјалист, со што се овозможува превенција и рано откривање на малигните болести на дебелото црево, како и превземање итни мерки за лекување.
- Превенција на кардиоваскуларни болести – во рамките на оваа цел се воведува и дополнително испитување на проценка на бубрежната функција со пресметување на вредноста на глоеруларна филтрациона рата (ГФР), со цел за утврдување на степенот на оштетувања на бубрежната функција. Придобивка за осигурениците од превенција на кардиоваскуларни болести е што со ЕКГ и биохемиските лабораториски и други испитувања се откриваат не само заболувања на срцето, туку и на другите органи (бубрези, мозок и др.)
- Рационално користење и рационално пропишување на лекови од Листата на лекови на товар на Фондот, има измена на просечен годишен лимит и тоа од 550,00 на 330,00 денари по поен.
А) И зземена е специјалистичка, субспецијалстичката и конзилијарната терапија од буџетот на матичниот доктор за препишување на лекови од позитивната листа, со исклучок на групата - антибиотици.
Б) Просечниот годишен лимит за пропишување на лекови на рецепт од групатa антибиотици и анксиолитици да изнесува 150,00 денари по поен на годишно ниво, се однесува на пропишани анксиолитици по препорака на матичен лекар (најчесто користените анкциолитици како: Diazepam, Lexilium, Helex и други). Потоа за антибиотици по препорака на матичен лекар (најчесто користени антибиотици како: Cefalexin, Amoksiklav). Исто и за лекар специјалист или субспецијалист (начесто користени антибиотици како: Sumamed, Klaritromicin).
Оваа измена се очекува да доведе до намалување на нерационалната употреба на антибиотиците, со што би се избегнало зголемувањето на резстиненцијата (осетливоста) на микроорганизмите на антибиотиците.
Мерките и актвностите истовремено ќе придонесат во намалување на зголемената употреба, но и злоупотребата на анксиолитици – лекови кои се најчесто пропишувани на пациентите со депресивни растројства.
Избраниот лекар е должен во текот на 2013 година да посетува четири работилници во рамките на континуирана медицинска едукација на тема:
1. Хронична обструктивна белодробна болест и Бронхијална астма предизвикана од алергени од различно потекло
2. Депресија предизвикана од стрес како животен стил (дијагноза и терапија)
3. Рационално пропишување на антибиотска терапија согласно упатствата на медицина базирана на докази
4. Кардиоваскуларни ризици (превенција, дијагноза и терапија)
Заради подобрување на квалитетот на здравствените услуги во секоја ординација од општа медицина задолжително треба да има ЕКГ апарат. Прегледот за ЕКГ е бесплатен
2. ГИНЕКОЛОГИЈА
- за постигнување на целта – микробиолошкиот брис која се остварува кај сите осигурени бремени жени, пролонгиран е рокот за земање и тоа од 12 до 30 недела од бременоста. Во договорите за 2012 година рокот за земање на микробиолошкиот брис беше од 12 – 14 недела на бременост, што беше кус период за да се опфатат сите бремени жени.
-заради подобрување на квалитетот на здравствените услуги во секоја гинеколошка ординација задолжително треба да има ЕХО апарат. ЕХО прегледот е бесплатен.
Земањето на микробиолошкиот брис, како и ПАП – тест кај матичните гинеколози се бесплатни. Партиципација се наплатува за сите микробиолошки испитување во лабораторијата во вкупен износ од 250,00 денари, а за цитолошкото испитување за ПАП – тест партиципацијата изнесува 60,00 денари.
Специфична медицинска едукација Со специфичната медицинска едукација на избраните лекари од дејноста гинекологија ќе се овозможи освежување на знаењата и запознавање со новините во дијагностиката и третманот на заболувањата, согласасно упатствата на медицина заснована на докази.
Избраниот гинеколог е должен во текот на 2013 година да посетува четири работилници во рамките на континуирана медицинска едукација на тема:
1. Скрининг во прв триместар на бременост.
2. Превенција и предикција на предвремено породување.
3. Скрининг на цервикален карцином (рак на грлото на матката).
4. Скрининг на оваријален карцином (рак на јајници).
Пред гинеколошките ординации да се истакне дека прегледите, ехо и колпопскопија се бесплатни.
3. СПЕЦИЈАЛИСТИ
- Новина во договорите за специјалистичко – консултативана здравствена заштита за 2013 година е тоа што фактурите до Фондот се доставуваат на квартално ниво, односно наместо досегашниот (во 2012 година ) месечен договорен надоместок, сега ќе имаат тромесечен. Ова значи дека лекарот специјалист ќе може да оди на годишен одмор, без да се грижи дали ќе го оствари месечниот надоместок, бидејќи ќе има време во другите два месеци на тромесечјето да го оствари кварталниот надоместок.
Во новите договори за 2013 година Фондот изврши измени и во казнените одредби. Некои од паричните казни се преиначени во опомени, а исто така има и намалување на дел од паричните казни.