Реакција на ЛКМ на најaвите на ФЗО за “ѕид на срамот за лекарите кои грешат”
Комората уште еднаш ги повикува надлежните од Фондот за здравствено осигурување да ги преиспитаат правните, етичките, моралните и профсионалните аспекти пред да почнат да го практикуваат најавениот проект за “ѕидот на срамот за лекарите кои грешат”. Како професионална асоцијација на докторите, Комората потсетува дека и за докторите важи правото на презумпција на невиност се до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се се бара почитување на правото и законските процедури.
Комората, која заедно со Македонското лекарско друштво и другите еснафски здруженија, и покрај тоа што треба да е вклучена во креирањето и резлиазацијата на реформските новини е изненадена и збунета од тајноста во која се држат наводните странски експерти кои го предложеиле ваквиот проект, со повикувањето на Светската здравствена организација ( без да се прецизира кој докумет, кој го донел, од кога...) при неговото имплементирање, како и од аргментот дека “овој модел успешно функционира во повеќето европски држави” без да се наведе кога, како и каде.
Ваквите сосотјби се веќе апсолвирани од СЗО , Светската медицинска асоцијација и други релавантни меѓународни организации. Во нивните анализи се потенцира дека од опшествен аспект, особено во земјите со проблематична здравствена организација и чести и недоволно обмислени реформи, на повеќето нивоа се негува и стимулира општествен став дека лекарите и другите здравствени работници се носители на негативните состојби во здравството и тие треба да бидат на првата линија на одговорноста и со тоа на удар на јавност, наместо нивниот носител. Mесто да се негува единствено правилниот став дека тие како професионалци се посветени, пред се и над се,на грижата за здравјето, спасувањето на животот и правилното лекување, се стимулира ставот дека тие треба бидат и виновници и жртва на последиците од лошиот здравствен ситем (зголемени трошоци,преполнети медицински институции , лош квалитет на услугитеи сл ).Со ова докторите се стваат неправедно во позиција да тие ги објаснуваат и застапуваат одуките на здравствените власти иако не се одговорни за нивното донесување, односно оваа власт се затскрива зад докторите и ги прави свои пиони.На овој начин неспособноста на општеството реално да се справи со издржан сдравствен систем соответен на препознаени стандарди и објективни потрени о можности, здравствените власти го насочуваат гневот и незадоволството на јавноста и пациентите директно кон лекарите што води кон обострано незадоволство и зачестени инциденти со пациентите, а докторите стануваат жртви.