Реакција на ЛКМ на последните обвинувања од ФЗО за медицинските помагала
Во информацијата објавена во некои медиуми е пренесена изјава на портпаролот на ФЗОМ во која се тврди дека од страна на матични доктори од Охрид пелените се издадени не според медицинска индикација, туку како социјална помош на стари и немоќни лица.
Заради објективно информирање на јавноста потсетуваме на начинот на кој се издадени спорните пелени.
Матичниот доктор го упатува пациентот на доктор специјалист, кој ја утврдува дијагнозата и дава препорака за користење на пелени. Со извештајот пациентот оди на првостепена комисија на Фондот за здравствено осигурување составена од тројца доктори специјалисти. Врз основа на одобрението од таа Комисија, матичниот доктор издава потврда, која повторно се заверува од страна на одговорните лица во Фондот.
Имајќи го предвид текот на целата постапка, остануваат отворени прашањата:
-Зошто се казнети матичните доктори кои во случајов се само извршители?
-Дали со нивното казнување ФЗОМ ги негира одлуките на сопствената комисија?
-Дали со овие казнувања Фондот дава зелено светло за евентуално идно непочитување на одлуките на Фондот од страна на матичните доктори?
-Дали одговорните лица во Фондот се запрашале што би се случило ако матичните доктори не издадат потврда за користење ортопедско помагало-пелени веќе претходно одобрено од специјалист и комисија од ФЗОМ?
Веројатно повод за друга тема се дилемите околу процедурите низ кои се приморани да минуваат осигурениците, а со нив и нивните матични лекари, при остварувањата на своите права од здравственото осигурување, дали постапката онаква каква што е, претставува непотребно малтретирање на пациенти со бирократски процедури и понижувањa само за да го остварат она што им следува...