05.02.2011
05.02.2011
РЕАКЦИЈА НА ЛКМ ЗА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
Лекарската комора испрати писмо по повод забелешките на Министерството за здравство, а во врска со изјавата на д-р Стоје Стојмановски, потпретседател на Извршниот одбор на Комората, емитувана на телевизија Сител.
Бидејќи редакцијата на Сител не најде за потребно да го објави писмото на Лекарската комора, заради реално информирање на јавноста и членовите на Лекарската комора во продолжение писмото го објавуваме во целост.