ДО РЕДАКЦИЈАТА НА ТЕЛЕВИЗИЈА СИТЕЛ
РЕАКЦИЈА НА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
Лекарската комора е на становиште дека и таа има дел од одговорноста при утврдување на потребите од здравствени работници во државата, залагајќи се, притоа, да се усвои мрежа на здравствени установи и доктори. Токму врз тие основи, се смета во Комората, ќе треба да се гради кадровската политика во здравството. Со перманентно пополнување на испразнетите места ќе се избегнат вакви масовни вработувања кои во минатиот систем ги нарекувавме акции. Во Лекарската комора е базата податоци преку која може, во секој момент, да презентираат состојбите, што може да се очекуваат со пензионирањето или мигрирањето на докторите, како и потребите од специјализирање кадри, што е долготраен процес.
Не се согласуваме со забелешката од Министерството за здравство, објавена следниот ден, ако таа е правилно пренесена, дека реакцијата доаѓа од претставник од приватниот сектор. Сите оние што извршуваат здравствена дејност, без разлика дали се во приватното или јавното здравство, се дел од вкупниот систем на здравствена заштита. Уште повеќе што изјава е на функционер во Комората, во која членуваат сите доктори.
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА