23.11.2026
23.11.2026
Известување за ажурирање содржина на Образецот ГЛБД
Лекарската комора информира за допис добиен од Фондот за здравствено осигурување на РСМ, а во врска со член 13 став 2 од Договорот со ПЗУ-аптеки за регулирање на односот со ФЗО за начинот на плаќање на здравствените услуги со кои се врши снабдување на осигурените лица со лекови на рецепт од Листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот во примарната здравствена заштита, го испраќа Образецот ГЛБД со важност од 20.11.2026 година.
Од лековите што се опфатени со овој образец, согласно одредбите од Договорот, здравствените установи – аптеки се должни во секое време да имаат најмалку по еден лек без доплата од секоја наведена генерика.
Образецот ГЛБД може да се преземе на https://fzo.org.mk/glbd-lista-genericki-lekovi-bez-doplata






