Во Лекарската комора
ДВА ПРОЕКТИ СО ФОНДАЦИЈАТА СОРОС
Во моментов во Лекарската комора на Македонија паралелно течат два проекта кои ги финансира фондацијата Сорос
Во моментов во Лекарската комора на Македонија паралелно течат два проекта кои ги финансира фондацијата Сорос
Во кусото обраќање, веднаш по изборот, претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Алексеј Дума напомена дека изборот во органите и телата на Комората не треба да се прифати како привилегија, туку како обврска да се работи во името на членовите на асоцијацијата
Добитникот на наградата “Свети Наум Охридски” е роден 1941 година во селото Витолиште, Мариовско. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се стекнува со специјализација по медицина на трудот.
Деновиве во просториите на Здружението на новинарите на Македонија се одржа средба на претставници од Лекарската комора на Македонија, (неколку членови на Комисијата за етички и правни прашања, на Етичкиот комитет и главниот и одговоен уредник на “Vox Medici") со Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија. На состанокот се зборуваше за се почестите објавувања на имињата и презимињата на докторите за кои се поведува постапка за наводни сомненија за сторени кривични дела во здравст
Продолжи традицијата Лекарската комора на Македонија да го одбележува 7. април- Светскиот ден на здравјето со манифестацијата “Докторите низ уметноста”. И оваа година, овој пат во Универзалната сала, докторите од сите специјалности и супспецијалности покажаа и докажаа дека покрај докторската професија во нив “лежи” и по некој уметник.
Лекарската комора на Македонија формира работна група за одредување на минимална цена за здравстевни услуги надвор од пакетот на здравствени услуги на Фондот за сдравствено осигурување. Првиот состанок работната група го одржа на 1 април 2004 година.
На конкурсот за наградата “Св. Наум Охридски” за 2003 година општинските одбори на Лекарската комора на Македонија пријавија шест кандидати. По последниот рок за пријавување на кандидатите Комисијата ги разгледа сите пристигнати предлози. Притоа констатираше дека сите ги исполнуваат условите да конкурираат за ова признание. Се очекува Комисијата да ја заврши својата работа во текот на мај а во втората половина од месецот да ја информира јавноста за одлуката за тоа кој ќе биде носител на ова прес
На 19 април во Скопје се одржа петата седница на Собранието на Лекарската комора на Македонија. Последната седница на Собранието, во овој остав, беше посветена за резимирање на четиригодишното работење органите и телата на Комората. Исто така на седницата беа распишани и изборите
На последното заседание на ЕФМА од 14 до 18 април во Дубровник Лекарската комора на Македонија и официјално стана членка на оваа престижна организација. Членови на Европскиот форум на медицински асоцијации заедно со Лекарската комора на Македонија станаа и докторските асоцијации на Албанија, на Кипар и на Русија.
На 16 и 17 април оваа година во Дубровник- Хрватска, ќе се одржи состанок на Европскиот форум на медицински асоцијации и Светската здравствена организација (ЕФМА). На состанокот официјално Лекарската комора на Македонија ќе биде промовирана во редовна членка на ова респектабилна асоцијација.
Конечно по повеќе обиди, во неколку собраниски свикувања кон крајот на минатата година Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита ги помина сите филтри. Најпрвин текстот на Предлогот Владата го проследи до Собранието. По бурни расправи Комисијата за здравство на законодавниот дом даде зелено светло текстот на Предлог-законот да се најде пред парламентарците.
Поради ангажираност на поголемиот број на членови на Етичкиот комитет на Лекарсаката комора на Македонија беше одложена третата седница закажана за 18 декември минатата година. Се очекува веќе наредниот месец, во февруари, да се одржи планираната трета сесија на Етичкиот комитет.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња