СТРУЧНИОТ ИСПИТ ВО СЕПТЕМВРИСКИОТ РОК
На 23 август 2006 година заврши пријавувањето на докторите за полагање на стручниот испит за септемврискиот испитен рок. Според Програмата стручниот испит ќе се полага на 25, 28 и 29 септември.
На 23 август 2006 година заврши пријавувањето на докторите за полагање на стручниот испит за септемврискиот испитен рок. Според Програмата стручниот испит ќе се полага на 25, 28 и 29 септември.
Сите доктори што ќе го завшат стажирањето ќе можат да го полагаат стручниот испит во наредната декемвриска сесија. Пријавувањето и поднесувањето на потребната докуменатција ќе се врши од 23 до 28 октомври. Трите дела на стручниот испит ќе се оджат на 4,7 и 8 декември.
Според информациите од Одделението за издавање, продолжување и обновување на лиценците при Лекарската комора на Република Македонија досега се изработени и предадени нешто над 2.700 лиценци. Според некои проценки тоа е повеќе од една половина од бројот на докторите во државата. Во овој број спаѓаат лиценците што се обновени врз основа на измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита од 15 март 2004 година. Според Законот сите оние што го положиле државниот испит пред овој датум доби
На 21 и 22 април оваа година во Будимпешта ќе се одржи овогодишниот состанок на Европскиот форум на здравствени организации и Светската здравствена организација. Лекарската комора на Република Македонија веќе три години е членка на оваа респектабилна асоцијација на докторите во Европа. Лекарската комора на република Македонија оваа година ќе ја претставуваат д-р Салих Ќерими, потпреседател на Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Македонија и проф. д-р Владимир Борозанов.
Почнувајќи од 15 март оваа година почна примената на Правилникот за облиците, критериумите и распоредување на облиците и бодовите на стручното усовршување за обновување на лиценцата за работа на здравствени работници со високо образование од областа на медицината. За таа цел во Лекарската комора на Република Македонија е формирана Комисија за акредитација на стручните манифестации. Врз основа на поднесените барања Комисијата акредитираше повеќе вакви собири, утврдувајќи ги притоа бодовите што ќе
Сите пријавени кандидати до 16 март оваа година, кои студиите ги завршиле во странство, на 27 април полагајќи дел од стручниот испит ќе се здобијат со Основна лиценца на Лекарската комора на Република Македонија. Испитот ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за судска медицина во Скопје со почеток во 10 часот.
По едногодишна пауза во Скопје повторно, под покровителство на Лекарската комора на Република Македонија, се одржа традиционалниот шаховски турнир посветен на 7. април, Светскиот ден на здравјето. Во Домот на Армијата на Република Македонија на 9. издание на шаховскиот турнир учествуваа вкупно 17 шахисти од повеќе градови од државата. Сосема заслужено првото место му припадна на Дејан Јанков, радиолошки техничар на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар во Скопје.
На одбележувањето на 7. април, Светскиот ден на здравјето се приклучија и спортистите при Здравствениот дом во Скопје. Во организацијата на спортската секција на терените на Друштвото за телесно воспитување “Партизан 4” се одржа турнир во мал фудбал, во женска и машка конкуренција. На турнирот се натпреваруваа шест екипи во машка и две во женска конкуренција. Победници кај женските екипи беа вработените во Институтот за трудова медицина а во машка екипата на Поликлиниката “Гази Баба”.
Лекарската комора на Република Македонија, по традиција и оваа година свечено го одбележа 7. април-Светскиот ден на здравјето. По тој повод се одржа средба на докторите во Македонскиот народен театар во Скопје
Традиционално и оваа година Комисијата за доделување на наградата " Св. Наум Охридски " го распиша конкурсот за највисоката награда на Комората за 2005 година. Според пропозиците кандидатите ги предлагаат општинските одбори на Лекарската комора на Република Македонија. Предлозите треба да пристигнат до стручната служба на Комората најдоцна до 20 февруари.
Од 15 март 2006 започнува процесот на акредитација на континуираното стручно усовршување со цел обновување на лиценците за работа на докторите на медицина. Преку континуираната медицинска едукација (КМЕ) докторите на медицина го унапредуваат сопственото знаење и вештини во дијагностиката и лекувањето. На последната седница на Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Македонија беа разгледани и усвоени документите кои организаторот на континуираната медицинска едукација треба да ги попо
Според програмата следната сесија за полагање на стручниот испит ќе се одржи 27 февруари и 2 и 3 март 2006 година. Ова ќе биде трета сесија на полагање на стручниот испит во Лекарската комора на Република Македонија. Пријавувањето за полагање на испитот е најдоцна до 20 јануари.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња