МИЛЧО ТРЕНКОСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Врз основа на одлуката на Комисијата за доделување на наградата “Св. Наум Охридски” добитник на највисокото признание на Лекарската комора на Македонија за 2006 година е примариус д-р Милчо Тренкоски. Комисијата ги разгледа трите предлога што пристигнаа во предвидениот рок од општинските одбори на Лекарската комора на Македонија. По посетата на сите кандидати и установите во кои тие работат беше донесена едногласна одлука наградата да му припадне на примариус д-р Тренкоски.