АКРЕДИТАЦИЈА НА ОБЛИЦИТЕ НА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ
Почнувајќи од 15 март оваа година почна примената на Правилникот за облиците, критериумите и распоредување на облиците и бодовите на стручното усовршување за обновување на лиценцата за работа на здравствени работници со високо образование од областа на медицината. За таа цел во Лекарската комора на Република Македонија е формирана Комисија за акредитација на стручните манифестации. Врз основа на поднесените барања Комисијата акредитираше повеќе вакви собири, утврдувајќи ги притоа бодовите што ќе