пребарување
   
 

Електронски увид и ажурирање на податоци во Регистарот на доктори

15.06.2021
Лекарската комора на РСМ согласно законската регулатива, податоците за своите членови може и смее да ги прибира само од своите членови. Ги потсетуваме членовите на ЛКРСМ за потребата редовно да ја ажурираат секоја промена на личните податоци, како промена на презиме, работно место, адреса на живеење и сл., како би можело да се обезбеди континуирана комуникација меѓу Комората и членовите, што е особено важно за навремено остварување на нивните права.

Точните податоци се неопходни и за реализацијата на програмските активности на Комората, водење на прецизна евиденција во единствениот Регистар на доктори на Р.С. Македонија, известување за календарот на акредитирани стручни активности, доставување на списанијата и други информативни и печатени материјали, како и други најразлични корисни информации како и информации за спроведувањето на различни проекти кои се од суштинско значење за докторската професија.

Во насока на олеснување на ажурирањето на податоците, од пред една година функционира и Порталот за лекари кој овозможува електронски пристап до Регистарот за членовите преку кој на брз и едноставен начин може да направите увид и промена податоците.

Упатство за електронско ажурирање на податоците во Регистарот на доктори

Пристапете на страната https://portal.lkm.org.mk.

1. Најава во регистарот.
Сите доктори кои поседуваат активна лиценца за работа веќе се регистрирани во електронскиот Регистарот на доктори и затоа не треба да се регистрираат одново, туку да се логираат.
Во Регистарот се најавувате со Вашето „Корисничко име“ и „Лозинка“.
Вашето корисничко име е Вашата контакт мeил адреса која сте ја навеле при регистрација во Комората, а Вашата лозинка се последните 6 (шест) броеви од Вашиот матичен број. Доколку не знаете која меил адреса сте ја навеле при регистрирање во Регистарот или истата повеќе не е активна, Ве молиме да се јавите во тек на работното време на локал 105 за да се направи ажурирање.

2. Увид во Вашето досие
Со притискање на копчето „Логирај се“ се вклучувате во Вашето досие. Во полето "Лични податоци -> Мои податоци" пристапувате до Вашите податоци кои ги имате оставено при запишување во Регистарот.

3. Измена на лични податоци
Доколку од која било причина, информациите во Вашето досие не се соодветни и има потреба од измени, во полето "Поднесување на барања" изберете "Пријава за ажурирање на податоци во Регистарот на лекари", пополнете во полето на оној податок кој треба да се измени и кликнете на "Сними". На тој начин автоматски ќе биде испратен меил до стручната служба во Комората, по што ќе бидат корегирани податоците во Вашето досие.
акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3