пребарување
   
 

Подигнување на изготвени членски карти

08.05.2021
Лекарската комора на РСМ информира дека голем дел од новите членски карти на докторите подолг временски период се изработени, но не се подигнати.

Јавните здравствени установи неколку пати преку дописи се информирани и повикани да испратат овластено лице за да ги подигне картичките. Дел од јавните здравствени установи воопшто немаат доставено списоци на вработени доктори, што е неопходно да се направи за да може да се подигнат членските карти. Упатуваме повик до здравствените установи во најкус можен рок да упатат овластено лице кое ќе ги подигне членските карти од просториите на ЛК, а оние кои немаат испратено список на вработени доктори, истото да го направат во најкус можен рок на register@lkm.org.mk.

Докторите кои веќе се фотографирани, а се вработени во ПЗУ, во други установи или на друг начин, како и невработените доктори, за да ја подигнат членската карта треба да пополнат формулар - Барање и да го достават на е-маил register@lkm.org.mk, по што ќе бидат веднаш контактирани од стручната служба на ЛК за подигнување на членската карта со цел процедурата да може да се спроведе со запазување на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот.

Докторите кои се уште не се фотографирале потребно е да го направат тоа во студиото Фото Тотокое се наоѓа на ул. Владимир Комаров 18 лок.12, Скопје (спроти Тобако 2 -мапа). Фотографирањето може да се направи секој работен ден од 12:00 до 18:00 часот. За повеќе информации во врска со фотографирањето може да се обратите на телефонскиот број 078 907 383. Членовите на Комората се ослободени од обврската за плаќање за изработка на нова членска карта, како и од обврската за плаќање на услугата за фотографирање.


За дополнителни информации и прашања во врска со членските карти можете да се обратите во стручната служба на ЛК на 02 3239 060, локал 105.

Листа на јавни здравствени установи кои не ги подигнале членските карти:
• ЈЗУ ЗД Делчево
• ЈЗУ ЗД Штип
• ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина
• Општа болница – Кичево
• Општа болница – Кавадарци
• Општа болница – Велес
• ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија-Скопје
• ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија
• ЈЗУ Универзитетска клиника за Токсикологија- Скопје
• ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје
• ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести- Скопје
• ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Свети Стефан
• ЈЗУ ЗД Македонски Брод
• ЈЗУ ЗД Тетово
• ЈЗУ ЗД Струмица
• ЈЗУ ЗД Охрид
• ЈЗУ ЗД Кичево
• ЈЗУ ЗД Крива Паланка
• ЈЗУ ЗД Берово
• Институт за патолошка физиологија и нуклеарна медицина
• Институт за медицинска хистологија и ембриологија
• Институт за медицинска и експериментална биохемија
• Институт за судска медицина и криминалистика
• Институт за микробиологија и паразитологија
• Институт за социјална медицина
• Институт за анатомија
• Институт за имунобиологија и хумана генетика
• Јавна здравствена установа-Клиника за хирургија на лице, вилици и врат- максилофацијална хирургија „Академик Илија Васков“ Скопје.

Листа на здравствени установи кои немаат доставено список на вработени:
• Институт за Белодробни заболувања и туберкулоза
• Институт за медицина на трудот
• Институт по Белодробни заболувања кај децата – Козле
• Институт за јавно здравје
• Центар за јавно здравје
• ЈЗУ ЗД Скопје, вклучувајќи ги сите здравствени установи поединечно каде што се обавува здравствената заштита
• ЈЗУ ЗД Железничар – Скопје
• ЈЗУ ЗД Ростуше
• ЈЗУ ЗД Ресен
• ЈЗУ ЗД Радовиш
• ЈЗУ ЗД Пробиштип
• ЈЗУ ЗД Неготино
• ЈЗУ ЗД Кратово
• ЈЗУ ЗД Демир Хисар
• ЈЗУ ЗД Виница
• ЈЗУ ЗД Вевчани
• ЈЗУ ЗД Валандово
• ЈЗУ ЗД Велес
• ЈЗУ ЗД Струга
• ЈЗУ ЗД Куманово
• ЈЗУ ЗД Гостивар
• Здравствена станица –Липково
• Завод за Нефрологија – Струга
• Завод за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања- Отешево
• Завод за Рехабилитација на слух, говор и глас
• Завод за Физикална медицина и рехабилитација

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3