пребарување
   
 

Известување од Министерството за здравство за вакцинација на здравствени работници и соработници

30.04.2021

Лекарската комора на РСМ по добиена информација од Министерството за здравство информира дека започнувајќи од  5 - ти мај 2021 година сите вработени здравствени работници и соработници кои се заинтересирани за вакцинација може да бидат вакцинирани на пунктовите за вакцинација кои се организирани во градовите Скопје, Битола, Тетово, Штип, Кавадарци, Охрид и Куманово.


Вработениот треба на пунктот да достави потврда потпишана од овластено лице на установата и заверена соодветно, во која ќе биде наведено дека се потврдува дека вработениот (име и презиме и ЕМБГ) е здравствен работник/соработник во установата. За терминот за вакцинација на здравствените работници е одговорен пунктот во кој истата се спроведува, а согласно достапните вакцини и распоредот за работа на пунктот.

 


Во прилог Ви испраќаме форма на потврдата.

 

Потврда од здравствена установа

акредитирани стручни активности



Акредитирани испитувачи во комисии за полагање стручен испит
Акредитирани здравствени установи за стручен испит
Vox Medici
 
Поволности за лекари
 
Лекарска комора на Република Северна Македонија
“Партизански одреди” број 3, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
работно време:
понеделник - петок од 08 до 16 ч.
тел. 02/3239060
тел. 02/3225592
жиро сметка: 200000011464034
факс. 02/3124066

facebook.com/lkm.org.mk
developed by Медиум 3